Демократија на дело: Успешно спроведени избори за Ученички парламент во ООУ „Браќа Миладиновци“ – с. Миладиновци
Во согласност со демократските вредности и поттикнувањето на активното учество на учениците во училишниот живот во нашето училиште на ден 28.9.2026 год. успешно се реализираа изборите за претседател и членови на Ученичкиот парламент за учебната 2026/2027 година.

По спроведениот избор, за раководство на Ученичкиот парламент се избрани:
Матеа Атанасовска 9-1 одд. претседател,
АнаМарија Илиевска 9-2 одд. заменик претседател,
Борјан Миленковски 9-2 одд. секретар

Овогодинешните избори беа посветени на застапување за подобри услови, спроведување на иновативни проекти и идеи, како и поттикнување на тимската работа и меѓусебната поддршка.
Учениците покажаа висока свест, зрелост и одговорност, докажувајќи дека нивниот глас има значење и дека тие се активни ученици кои сакаат да ја креираат сопствената иднина.

Честитки до сите учесници и новоизбрани претставници во Ученичкиот парламент! Ви посакуваме успешна работа и многу реализирани иницијативи во новата учебна година!
Одговорно лице:Татјана Н. Додевска психолог-ментор