Географијата станува уште повозбудлива кога технологијата ќе ја претвориме во алатка за истражување!
Во рамки на Европската ноќ на истражувачите 2026, денес во Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа лабораториска посета посветена на современите геопросторни технологии на која учество земаа и ученици од нашето училиште.

Учениците имаа можност да се запознаат со Google Maps, Google Earth Pro и QGIS, како и со наставните средства и можностите што ги нуди Институтот за географија.

Ваквите активности се одлична можност науката, образованието и современата технологија да се спојат на едно место, а географијата да се открие од една нова, дигитална перспектива.
Одговорен наставник: Димка Б. Ѓорѓиевска