Хуманоста на дело: Заедно за насмевка на секое дете!

Во месец септември, под организација на педагогот а воедно и Претседател на Основната организација на Црвен крст од нашето училиште, Кристина Ѓоргиевска, беа распределени и лично доделени училишни прибори и материјали на учениците од социјално загрозени семејства, кои беа донирани од страна на Црвен крст Гази Баба.