Добредојде, Есен!

Кога есента ќе затропа на училишната врата.... започнува бајката! 🍂
 
Денес, по повод првиот ден на есента, нашите најмали ученици не само што ја дочекаа есента – тие ја запознаа, ја слушнаа и ја доживеаја низ игра, песна и драматизација. ❤️
Со многу љубов, , одделенските наставници од ПОУ Мршевци, подготвија посебна есенска приказна за своите ученици. А во неа – есенски бои, паднати лисја, свежи утра, птици што заминуваат на југ, плодови од природата и една важна порака: природата е нашиот дом и треба да ја сакаме и чуваме. 🌳🍎🍁
„Јас сум Есента...“ – им прошепоти Есента на нашите ученици, а тие со љубопитни очи и насмевки ја следеа нејзината приказна.
Затоа што понекогаш најубавите лекции не се учат од учебник.
Се учат со срце, преку игра, имагинација и заеднички создадени моменти. 💛
✨ Нека започне есенската бајка!
🍁 Добредојде, Есен! 

Галерија