Учениците од VII-1 одделение на инспиративно онлајн предавање: „Екосистемите на Малешевијата - мозаик од природа и човек“
Денеска, на 23 септември, нашите ученици од VII-1 одделение имаа можност да бидат дел од едукативното онлајн предавање посветено на еден од најсочуваните региони во источниот дел на нашата земја – Малешевијата!
Низ визуелно патување, учениците се запознаа со трите главни типови екосистеми кои ја сочинуваат малешевската природна мозаичност: влажните подрачја, шумите и пасиштата. Преку ова предавање тие истражуваа:
Зошто се важни овие живеалишта и како тие меѓусебно зависат еден од друг?
Каква е нашата улога и како ние луѓето зависиме од нив?
На кои начини можеме активно да ги сочуваме овие природни богатства?
Предавањето го одржаа Валентина Станоевска и Маре Параскова од Едукативниот центар за зачувување на природата од с. Негрево, во рамките на Мрежата за искуствено учење.
Одговорни наставници: Димка Б. Ѓорѓиевска проф. по географија, Александра Стоевска проф. по биологија-хемија