8 Септември – Денот на независноста

По повод 8 Септември – Денот на независноста, учениците од VIII-1 одд на часот по историја реализираа презентација посветена на овој датум.
Учениците се потсетија на историските настани поврзани со референдумот од 8 септември 1991 година, со кој граѓаните на Република Македонија се изјаснија за самостојна и независна држава. Преку разговор, историски факти и ученички активности, тие размислуваа за значењето на независноста, слободата, државноста и одговорноста кон сопствената татковина.
 
Часот беше можност учениците да ја продлабочат својата свест за историското наследство и значењето на 8 Септември како симбол на слобода, самостојност и заедништво.
 
Да ја чуваме историјата, да ја почитуваме сегашноста и да ја градиме иднината!
✨Честит 8 Септември – Ден на независноста!
Одговорен наставник: Билјана Таниќ