На самиот почеток на новата учебна година, со големо задоволство им го честитаме успехот на учениците и нивните наставници во реализација на интернационалните еТвининг проекти во текот на минатата учебна година за кои неодамна беа наградени со Национална ознака за квалитет.
Истата претставува признание за нивната посветеност и соработка со наставници и ученици од други европски земји како и пошироко.
Им честитаме на успехот и ги покануваме ученците да земат учество во што повеќе вакви проекти со кои ќе имаат можност да ги продлабочуваат своите знаења на различни теми, да учат за други обичаи и култури како и да создаваат пријателства со врсници од другите земји.
Одговорни наставници:
Емилија Стојановска
Елизабета Радевска