Добредојдовте првачиња: Успешен почеток на новата учебна година и нови услови за напредок!!!
Денеска во нашето училиште владееше особена радост, насмевки и празнична атмосфера со традиционалниот свечен прием на нашите најмлади ученици — првачињата кои за првпат ги отворија училишните врати.
Училишниот двор сјаеше во полн сјај додека новата генерација ученици, придружени од своите родители и наставници, чекореше кон својот нов животен предизвик. Свеченоста започна со топло обраќање и инспиративен говор од директорот Дарко Петковски, кој им посака среќен и успешен почеток, охрабрувајќи ги храбро да чекорат по патот на знаењето и дружбата.
Голем дел од радоста на овој прв училишен ден ја збогати посетата на градоначалникот Александар Георгиевски , кој лично ги поздрави првачињата и им додели посебни подароци — нови училишни ранчиња опремени со неопходен училишен прибор, со желба овие први чекори да им бидат лесни и инспиративни.
Посебно изненадување и радост за најмладите претставуваше и официјалното пуштање во употреба на новата, модерно уредена училница наменета за продолжен престој за прво одделение. Овој нов простор е целосно адаптиран и опремен за да им обезбеди топла, креативна и безбедна средина каде што учениците низ игра, дружење и стручна поддршка ќе ги поминуваат своите часови по редовната настава.
Им посакуваме среќно, безгрижно и успешно прво одделение на сите наши првачиња!