M.A.N. (Mathematics Around Nature)

Е-твининг проект: M.A.N. (Mathematics Around Nature) Во текот на месеците март, април, мај и јуни учениците Томислав Паневски, Сара Ѓошевска од 9-1 и Матеј Ефтимов, Јана Митковска од 8-1 учествуваа во меѓународниот Е-твининг проект „M.A.N. (Mathematics Around Nature)“, чија основна цел беше да се покаже поврзаноста помеѓу математиката и природата, како и нејзината примена во секојдневниот живот. Проектот овозможи учениците преку истражувачки активности, тимска работа и употреба на дигитални алатки да развиваат математички компетенции и вештини за решавање проблеми. Во рамките на проектот учениците: Истражуваа математички форми и обрасци во природата (симетрија, спирали, геометриски форми, Фибоначиева низа и сл.). Собираа податоци од секојдневниот живот и природната средина. Изработуваа табели и графички прикази на собраните податоци. Решаваа практични математички проблеми поврзани со реални ситуации. Соработуваа со ученици и наставници од други земји преку платформата eTwinning. Користеа различни дигитални алатки за креирање презентации, квизови, постери, анкети и интерактивни содржини. Презентираа резултати од своите истражувања и учествуваа во заеднички онлајн активности.