Како завршна активност во eTwinning проектот „Stage Without Borders – Our International Theater“, учениците од петто одделение при ПОУ „Текија“, заедно со партнерските училишта вклучени во проектот, креираа подкаст на англиски јазик.
Подкастот содржи интервјуа во кои учениците си поставуваа прашања едни на други и разговараа за своите искуства, впечатоци и стекнати знаења од учеството во проектот. Преку оваа активност тие имаа можност подобро да се запознаат со искуствата на своите врсници од другите земји, но и да ги унапредат своите комуникациски вештини на англиски јазик.
Со објавувањето на подкастот на Spotify, нашата цел е ученичките гласови, идеи и искуства да допрат до поширока публика и да покажат како меѓународната соработка, креативноста и театарската уметност можат да ги поврзат младите без оглед на границите.
Горди сме на посветеноста, ентузијазмот и креативноста што учениците ги покажаа во текот на целиот проект и веруваме дека ова искуство ќе остане драгоцен спомен и поттик за нивните идни меѓународни соработки. 



Подкастот можете да го слушнете на следните линкови
Одговорен наставник
Емилија Стојановска