Во изминатите два дена, предметниот наставник Емилија Стојановска реализираше дисеминација за колегите од двете подрачни училишта во Текија и Мршевци, при што ја претстави алатката SELFIE for Teachers и можностите што таа ги нуди за професионален развој на наставниците.
SELFIE for Teachers е бесплатна европска алатка за самопроценка која им помага на наставниците да ги согледаат и унапредат своите дигитални компетенции, да ги препознаат своите силни страни и да планираат понатамошен професионален развој во областа на дигиталното образование.
Алатката беше претставена на eTwinning Ambassadors Conference „Strengthening Engagement and Participation in eTwinning“, одржана во Вилнус, Литванија, каде што Емилија Стојановска учествуваше како eTwinning амбасадор и претставник на нашата држава. Стекнатите знаења и искуства од конференцијата ги сподели со колегите, со цел зајакнување на дигиталните компетенции и поттикнување на современи наставни практики во нашето училиште.

Заедно учиме, соработуваме и ги следиме современите образовни трендови во интерес на нашите ученици.