Меѓународен ден на детето

По повод Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни, учениците од одделенска настава при ПООУ „Браќа Миладиновци“ с. Текија, заедно со своите наставници, го одбележаа денот преку активноста „Игри без граници“.
Учениците учествуваа во различни спортски и забавни игри на отворено, покажувајќи тимски дух, другарство и спортски натпреварувачки дух. Низ игра, смеа и забава тие го прославија својот ден, исполнувајќи го училишниот двор со радост и позитивна енергија.
 
Среќен Меѓународен ден на детето!