Учениците од ПООУ „Браќа Миладиновци“ с.Текија заедно со своите одделенски наставници го одбележаа Светскиот ден на пеперутката – 28 Мај.
Преку разновидни активности учениците имаа можност да учат, творат и да ја развиваат својата креативност. Тие изработуваа пеперутки, цртаа и боеја, а со голем интерес следеа и едукативно видео за процесот на развој и размножување на пеперутката – од гасеница до прекрасна пеперутка.
Со насмевка, игра и учење, учениците го збогатија своето знаење за природата и животинскиот свет, истовремено развивајќи љубов и грижа кон живите суштества.