Учениците од петто одделение од ПОУ Текија денес имаа можност да бидат дел од хакатонот „Innovate4Europe / Иновации за Европа“, организиран со поддршка на SmartUp Lab и CodeWeek, настан посветен на поттикнување на дигиталните вештини, иновациите, STEM образованието и ученичката креативност.
Преку тимска работа и креативност, нашите ученици креираа апликација со наслов „30 Дневен предизвик – Да станеме подобри“. Целта на апликацијата е да нѐ поттикне секојдневно да правиме мали позитивни промени – добри дела, грижа за околината, почит, одговорност и меѓусебна поддршка. Веруваме дека токму малите чекори, кога се повторуваат секој ден, на долг рок нѐ претвораат во совесни, одговорни и добри личности.
Особено сме горди што нашиот тим ја доби наградата „Дигитални експерти“, како признание за креативноста, посветеноста и успешното претставување на својата идеја. 

Им честитаме на сите ученици за вложениот труд и покажаната иновативност, а благодарност упатуваме и до организаторите за можноста младите да учат, создаваат и да бидат двигатели на позитивни промени во општеството.
Одговорни наставници:
Емилија Стојановска
Сандра Мартиновска