Свечено прославен патрониот празник училиштето
Датум: 27 мај 2026 година
Мото: „Зелениот свет на знаењето“
Нашето училиште со огромна радост, песна и насмевки го прослави својот патронен празник. Под овогодишното инспиративно мото „Зелениот свет на знаењето“, нашите вредни ученици и посветени наставници подготвија богата културно-уметничка програма која ги воодушеви сите присутни гости, родители и пријатели на училиштето.
Преку убавиот пишан збор, глумата, песната и танцот, уште еднаш покажавме дека знаењето и грижата за нашата иднина се движечка сила на нашето училиште. Оваа свеченост беше прекрасна можност да ги прикажеме талентите и креативноста на нашите учениците .
Упатуваме искрени честитки до сите ученици, ментори, наставници и сите вработени кои вложија огромен труд за беспрекорната реализација на оваа прекрасна манифестација.
Нашето училиште продолжува гордо да чекори напред, негувајќи го „зелениот свет на знаењето“ и создавајќи генерации со кои сите ќе се гордееме!
На нашите ученици им посакуваме безброј успеси, љубопитност и храброст да ги освојуваат новите врвови во образованието, а на наставниците – трпение, инспирација и гордост во водењето на идните генерации.
Нека ни е честит и вековит Патрониот празник!