Стручниот тим на нашето училиште се издигнува на повисоко професионално ниво

 Успех за нашето училиште: Нашиот психолог се стекна со звањето стручен соработник - ментор!
✨Со големо задоволство и гордост ја споделуваме убавата вест дека стручниот тим на нашето училиште се издигнува на уште повисоко професионално ниво. Нашиот психолог Татјана Н. Додевска официјално се стекна со повисоко професионално звање стручен соработник - ментор.
Ова звање е резултат на долгогодишна посветена работа, континуирано професионално усовршување, како и исклучителен придонес во унапредувањето на воспитно-образовниот процес и менталното здравје на учениците.
Директорот и колективот на училиштето и упатуваат искрени честитки на Татјана со желби за уште многу нови успеси, креативни проекти и заеднички победи во иднина!
Инвестирањето во знаењето и напредокот на нашиот кадар е клучот за успехот на нашите ученици!