На 20.05.2026 година, нашето училиште беше домаќин на Државното првенство во женски фудбал за основни училишта.
Во беспрекорна организација на Сојузот на училишен спорт „Илинден“ и нашиот училишен спортски клуб „БРАМИЛ“, во соработка со Општина Илинден и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, на фудбалскиот терен во Илинден се одиграа натпреварите во женска конкуренција за ученички од основните училишта.
Резултати од натпреварите:
Прв натпревар:
ООУ „Браќа Миладиновци“ – ООУ „Климент Охридски“ 2:2 (на пенали 2:3)
Втор натпревар:
ООУ „Гоце Делчев“ – ООУ „Браќа Рибар“ 0:3
Натпревар за трето место:
ООУ „Браќа Миладиновци“ – ООУ „Гоце Делчев“ 0:1
Финале:
ООУ „Климент Охридски“ – ООУ „Браќа Рибар“ 0:8
Пласман:
Прво место
ООУ „Браќа Рибар“ – Табановце, Куманово
Второ место
ООУ „Климент Охридски“ – Битола
Трето место
ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп
Четврто место
ООУ „Браќа Миладиновци“ – Миладиновци, Општина Илинден
Доделени беа и индивидуални награди и пехари:
Награда за најдобар голман освои нашата ученичка Теодора Илиевска, а награда за фер-плеј доби нашата училишна екипа.
Им честитаме на сите учесници за постигнатите резултати, вложениот труд, прикажаната игра, спортскиот и тимскиот дух, борбеноста на теренот и фер-плеј однесувањето.
Пред почетокот на натпреварите се одржа свечена церемонија на отворање на првенствата во фудбал и футсал, на која настапија нашите ученици Сара Ѓошевска со рецитал на песната „Т’га за југ“ и Јован Младеновски со изведба на „Македонско девојче“ на саксофон.