Денес учениците од V одделение од ПООУ Текија реализираа онлајн средба со своите врсници од Полска во рамки на еТвининг проектот Stage Without Borders - Our International Theater.
Во текот на средбата беше прикажана премиерата на филмот што учениците го подготвуваа заедно, составен од драматизации инспирирани од секојдневниот училишен живот, претставени на креативен и комичен начин. Преку оваа активност учениците покажаа голема посветеност, креативност и тимска работа.
По проекцијата следуваше краток разговор меѓу учениците, при што тие ги споделија своите впечатоци и искуства од подготовката на драматизациите. Со помош на алатката Mentimeter, учениците креираа облак со зборови со клучни поими кои најдобро го опишуваат нивното доживување на проектот.
Ваквите меѓународни проекти им овозможуваат на учениците да учат преку соработка, да ги развиваат своите јазични, дигитални и комуникациски вештини, како и да создаваат нови пријателства со врсници од други земји. Преку заеднички активности, учениците стекнуваат незаборавни искуства и учат дека креативноста и соработката немаат граници.
Одговорен наставник: Емилија Стојановска