Литературното матине за деца

Во рамките на манифестацијата ,,Денови на културата'' денес во Домот на културата во Илинден се одржа Литературното матине за деца во кое учествуваа и ученици од нашето училиште со свои лични поетски творби на тема: ,, Eкскурзија во моето омилено место во светот". Најдобрите поетски творби избрани од нашето училиште се:
 
Андреа Костовска 7-2 одд - прва награда;
Никола Петковски 7-1 одд- втора награда;
Нина Стојановска 9-2 одд - трета награда.

 
Учениците за истите добија книги и дипломи за освоените места, се запознаа одблиску и со творењето на детска литература преку влијателните македонски писатели за деца, да се пишува, твори, создава на својот мајчин македонски јазик .
Честитки за наградените ученици, се надеваме дека во иднина ќе достигнат уште поголеми остварувања во доменот на поезијата.
 
Ментори : Андриана Митевска и Анкица Димитриевска-наставнички по македонски јазик и литература
See less