Резултати од државен натпревар по англиски јазик

На 09.05.2026 година во просториите на ООУ„Лазо Ангеловски“, Аеродром, Скопје, се одржа државниот натпревар по англиски јазик за основните училишта. На истиот ученичката Нена Стојановска од деветто одделение го освои второто место.
Особено сме горди на нејзиниот успех со што и посакуваме уште поголеми успеси во иднина. 🎉

 
Ментор - Марија Митрева