На 08.05.2026 година нашите ученици и дел од наставниците и директорот на училиштето беа дел од свеченото отварање ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ на плоштадот во Скопје. Присутните имаа можност да бидат дел од прекрасната спортска манифестација проследена со многу спортски активности,музика и забава за сите учесници. Истите имаа можност да уживаат и да се фотографираат со дел од најголемите спортски легенди од Македонија и од Балканот. Имено тие се познати европски и светски спортски звезди и амбасадори на спортските игри кои ги поттикнуваат младите да спортуваат и да бидат активни.
Учениците беа поздравени и од премиерот и министерот за спорт, претседателката на федерацијата на училишен спорт на Македонија како и од сите останати спортисти и професори кои беа присутни.