9 Мај – Денот на победата над фашизмот

По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, учениците од 9-1 одд на часот по Историја реализираа презентација посветена на овој значаен историски датум. Преку интересни содржини, фотографии и историски факти, учениците ги презентираа настаните од Втората светска војна и победата над фашизмот во 1945 година. Посебен акцент беше ставен на значењето на мирот, слободата и антифашистичката борба . Овој ден нè потсетува дека мирот треба постојано да се чува и негува. Преку ваквите активности учениците го развиваат историското знаење и свеста за важни светски настани. Часот заврши со порака дека историјата треба да се памети за да не се повторат трагедиите од минатото.

Одговорен наставник: Билјана Таниќ.