Учениците од одделенска настава од прво до петто одделение при ПООУ Браќа Миладиновци од с.Текија и с.Мршевци, заедно со нивните одделенски наставници, се приклучија на акцијата „Генералка викенд“ организирана од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.
Преку Еко час и практични активности од сценаријата во прирачникот за искуствено учење за животната средина и климатските промени, учениците реализираа интересни експерименти и активности од природни науки. На овој начин, преку игра, истражување и практична работа, ја развиваа еколошката свест и учеа за значењето на грижата за животната средина