Биди нечиј херој, волонтирај и ти...
Волонтирам во Црвен крст затоа што сакам да направам нешто што има вистинска вредност и да помогнам некому без да очекувам нешто за возврат. Преку тоа научив повеќе за емпатија и сфатив дека да бидеш подобар човек се покажува со дела, не со зборови. - Томислав Паневски
Со гордост споделуваме дека ученикот Томислав Паневски од нашето училиште е избран за Волонтер на месец април од Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Ова признание е уште една потврда дека преку посветена работа, вредности и поддршка, вложуваме во нашите ученици да израснат во хумани, одговорни и активни членови на општеството.
Продолжуваме да негуваме емпатија, солидарност и желба за помагање – затоа што токму овие млади луѓе се двигателите на позитивните промени.