По повод 5 Мај – Денот на македонската азбука, учениците од нашето училиште реализираа низа активности со цел да се поттикне љубовта кон македонскиот јазик и неговото значење.
Во рамки на одбележувањето, учениците следеа едукативна презентација посветена на развојот и важноста на македонскиот јазик и азбука. Преку презентацијата тие се запознаа со богатството на јазикот, неговата историја и улогата во зачувувањето на националниот идентитет.
Потоа, учениците активно учествуваа во уредување на литературното катче во училиштето. Со свои идеи и креативност, тие го разубавија просторот со стихови, пораки поврзани со јазикот и пишаниот збор.
Како дел од активностите, учениците пишуваа омилени зборови од македонскиот јазик и го толкуваа нивното значење.
Одбележувањето на овој значаен ден придонесе за зголемување на свеста кај учениците за важноста на македонската азбука и јазик, поттикнувајќи ги да го користат и негуваат со љубов и почит бидејќи темелот не една нација е употребата на јазикот и неговата азбука.
Одговорни наставници: Андриана Митевска и Анкица Димитриевска