Јазикот на почитта

Во подрачното училиште Текија се реализираше работилницата „Јазикот на почитта“, како дел од Интегрираната годишна програма за заштита на учениците од насилство, злоупотреба и занемарување, спречување дискриминација и превенција на ризично однесување.
Преку интерактивни активности, разговори и примери од секојдневието, учениците имаа можност да научат како соодветно да комуницираат, да изразуваат почит и да градат позитивни односи со своите врсници. Работилницата беше насочена кон развивање на емпатија, разбирање и ненасилна комуникација како основа за безбедна и поддржувачка училишна средина.
Со вакви активности продолжуваме да поттикнуваме култура на почит, толеранција и одговорно однесување кај учениците.
 
Одговорни наставници: Радица Блажевска,Јелена Савова,Ана Симовска,Милена Сарафимовска и Ленче Крстевска.