Резултати од регионален натпревар по македонски јазик

На ден 25.4.2026 година, учениците од нашето училиште учествуваа на регионалниот натпревар по македонски јазик  кој се одржа во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески “ – Скопје.
Учениците на натпреварот покажаа високо ниво на знаење, посветеност и љубов кон мајчиниот јазик.
Учеството на натпреварот беше значајно искуство за сите ученици, бидејќи им овозможи да ги прошират своите знаења, да стекнат нови пријателства и да ја развијат натпреварувачката самодоверба.
Особено сме горди на ученикот Томислав Паневски кој освои III место и обезбеди пласман на државниот натпревар.
 
Им честитаме на сите учесници за вложениот труд, а особено на наградениот ученик, со желба за уште поголеми успеси во иднина.
 
Одговорни наставници : Андриана Митевска и Анкица Димитриевска