Меѓународниот ден на сеизмологијата

Земјотресите не се само извор на страв, туку и на восхит и знаење! Тие се природен феномен кој нè потсетува дека живееме на жива, променлива планета.
 
По повод 29 април – Меѓународниот ден на сеизмологијата, во рамките на Мрежата за искуствено учење, наменето за ученици од 5-то до 9-то одделение, љубопитните ученици од нашето училиште имаа можност да слушнат предавање на тема ,,Патување низ светот на земјотресите". Предавањето го водеа Катерина Дрогрешка и Љубчо Јованов од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ Скопје.
 
Одговорен наставник: Димка Б. Ѓорѓиевска