Резултати и препораки од Државно тестирање за V одделение

Во рамки на нашето училиште се одржа дисеминација на резултатите и препораките од Државното тестирање за V одделение, од страна на наставниците: Ленче Крстевска и Сунчица М. Јаневска, во соработка со педагогот Кристина Ѓоргиевска.
 
Наставниците се запознаа дека државното тестирање не служи само за оценување, туку и за следење и унапредување на учењето. Беа презентирани резултатите по мајчин јазик и математика како основа за подобро планирање на наставата.
 
Исто така се истакна значењето на редовното посетување на часовите, дисциплината и развивањето навики за читање. Беше нагласена и важноста од активна соработка со родителите, особено преку поттикнување на читањето во домашни услови.

Галерија