Подигнување на свеста за правилно постапување со електронски отпад и искористени батерии

На 28.04.2026 година учениците од VII-2 одделение во рамките на опшествено-хуманитарната работа учествуваа во тековната кампања за подигнување на свеста за правилно постапување со електронски отпад и искористени батерии. Активноста се состоеше од подготовка и делење на информативни флаери и брошури.
Во рамките на кампањата, учениците најпрво се запознаа со штетните влијанија што електронскиот отпад и батериите ги имаат врз животната средина и здравјето на луѓето преку изложена презентација каде учениците дискутираа за последиците од неправилно ракување со елекронски отпад. Флаерите и брошурите беа поделени на ученици, наставници и во некои одредени локални објекти , при што учениците активно комуницираа со истите и ги поттикнуваа на одговорно однесување кон животната средина.
Со оваа активност, учениците покажаа висок степен на еколошка свест, тимска работа и ангажираност. Кампањата успешно придонесе за информирање и подигнување на јавната свест за значењето на правилното управување со електричниот отпад и батериите.
Активноста беше успешно реализирана и ја постигна својата цел – поттикнување на одговорно однесување и заштита на животната средина.
 
Одговорни наставници: Андриана Митевска и Билјана Смилевска