Во просториите на збратименото училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Огњанци, се реализираше уште една заедничка активност во рамки на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“ – интерактивен квиз со вокабулар на различни јазици. 
Учениците беа поделени во мешани тимови и учествуваа во натпревар кој се одвиваше преку дигиталните алатки Wordwall и Kahoot. Се одиграа два квиза, а атмосферата беше исполнета со соработка и позитивен натпреварувачки дух.
За успешната реализација на активноста претходеше значајна заедничка подготовка. Учениците креираа листа од 10 зборови кои го опишуваат проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“, како што се: толеранција, прифаќање, емпатија, другарство, среќа и слично. Потоа изработија видео во кое ги изговараа овие зборови на македонски, албански, англиски, француски и германски јазик, што беше вовед во самиот квиз.
Ваквите активности имаат особено значење за развивање на свесноста кај учениците за важноста на различните јазици како мостови на комуникација и разбирање. Тие поттикнуваат меѓусебна соработка, почитување и градење на позитивни односи, истовремено развивајќи дигитални и јазични вештини.
Настанот помина во исклучително позитивна атмосфера и здрав натпреварувачки дух, по што следуваше време за меѓусебно запознавање и кратко дружење, зацврстувајќи ги новите пријателства.
Одговорни наставници:
Емилија Стојановска
Марија Митрева
Сандра Димитриевска
Билјана Смилевска
Nazmi Maloki
Sara Haziri
Merita Imeri