Хорска изведба

Денес, во рамки на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“, се реализираше заедничка активност во просториите на збратименото училиште ООУ „Кочо Рацин“ – Огњанци. 🤝
Претставници од училишните хорови на двете училишта подготвија и изведоа музичка програма, споделувајќи ја својата љубов кон музиката и културата. Посебен момент на средбата беше заедничката изведба на познатата македонска народна песна „Јовано, Јованке“, која ги обедини учениците во едно силно и емотивно музичко доживување.
На оваа средба ѝ претходеа онлајн средби, преку кои учениците имаа можност меѓусебно да се запознаат, да комуницираат и заеднички да го договорат изборот на песните, градејќи мостови на соработка уште пред самата реализација.
Ваквите активности имаат особено значење за развивање на свеста кај учениците за прифаќање, почитување и разбирање на различностите, како и за градење пријателства и позитивна училишна клима. Преку музиката, учениците испратија силна порака за заедништво, толеранција и меѓусебна почит.
 
Одговорни наставници:
Мариана Бошковска
Емилија Стојановска
Сузана Костовска
Nazmi Maloki