Заедно учиме, создаваме и ја чуваме нашата планета!

Во рамките на Кампањата за подигнување на свеста за штетното влијание на електронскиот отпад, учениците од петто одделение од централното училиште изработија едукативен плакат ♻️.
 
🌍 По повод Денот на планетата Земја, преку креативна работа тие испратија силна порака за важноста од правилно одложување и рециклирање на старите електронски уреди.
💡 Преку оваа активност се поттикнува одговорно однесување, грижа за природата и свесност дека секој од нас може да придонесе за почиста и поздрава животна средина.
💚 Заедно учиме, создаваме и ја чуваме нашата планета!
 
Одговорни наставници: Габи Николовска и Драгица Апостоловска

Галерија