Селектирање на електронски отпад

💁‍♀️🌎По повод 22 Април, интернационалниот ден на планетата Земја, ученици од осмо одделение изработија едукативна презентација за електронски отпад. Истата ја искористија за интерактивна дискусија со членови од ученичкиот парламент. Целта на активноста беше учесниците во ученичкиот парламент да се запознаат подобро со потребата од селектирање на електронски отпад и колку истиот наштетува на животната средина, за да помогнат во понатамошната едукација за потребата од селектирање на отпадот. 🌳🌍

 
Одговорен наставник: Билјана Смилевска