По повод 22 април – Денот на планетата Земја, учениците од прво до петто одделение од ПООУ „Браќа Миладиновци“, с. Текија реализираа низа едукативни и креативни активности. Учениците изработуваа цртежи, пишуваа кратки песни и разговараа за значењето и заштитата на нашата планета. Преку презентација тие се запознаа со важноста од грижата за природата и зачувувањето на животната средина.
Одговорни наставници: Радица Блажевска, Јелена Савова, Ана Симовска, Милена Сарафимовска и Ленче Крстевска. 
