Етвининг училиште - Ознака за квалитет

Нашето училиште е добитник на Ознаката за квалитет „еТвининг училиште“ за учебната 2026/2027 година! 🎉
Ова значајно признание е резултат на заедничката посветена работа на сите вработени во училиштето, а особено на учениците и наставниците кои со ентузијазам, креативност и труд активно учествуваат во еТвининг проекти од различни области.
 
Горди сме што нашето училиште е едно од првите во општината кое започна активно да работи на еТвининг проекти, и што втора година по ред ја добиваме Ознаката за еТвининг училиште.
Како едно од само 14 училишта во нашата земја кои ја добија оваа ознака, уште еднаш потврдивме дека ги исполнуваме високите европски стандарди за соработка, иновација и квалитет во образованието.
 
Продолжуваме со уште поголема мотивација да создаваме можности за учење, соработка и напредок за нашите ученици! 💙