БЛАГОДАРНИЦА

Од искрено срце ѝ изразуваме голема благодарност на директорката на збратименото училиште во Чуприја, Вера Џелатовиќ, која ни овозможи престој што потсетуваше на вистинска бајка. Со својата посветеност, професионалност и човечност, таа создаде атмосфера исполнета со топлина, дружење и искрена соработка.
Нејзината организација, вниманието кон секој детал и грижата за сите учесници направија нашата посета да биде незаборавна и исполнета со најубави впечатоци.
Драга Вера, Ви благодариме што ни подаривте три дена исполнети со убавина, пријателство и искрени моменти кои ќе ги паметиме со душа. Вашата отвореност, професионалност и добрина оставија силен печат кај секој од нас.

 
Со искрена почит и благодарност,
Од колективот на ООУ „Браќа Миладиновци“ Миладиновци