Учениците Томислав Паневски од 9-1 одделение и Нина Стојановска од 9-2 одделение одржаа едукативно предавање на тема „Прва помош“ во своите одделенија, во рамки на изборниот предмет Вештини за живеење.
За време на предавањето, учениците не само што теоретски ја обработија темата, туку и практично ги демонстрираа основните вежби и постапки за укажување прва помош, користејќи соодветни материјали и средства. На овој начин, присутните имаа можност подобро да се запознаат со правилното реагирање во итни ситуации.
Одговорен наставник: Марија Зоксимовска