Учениците од одделенска настава во централното училиште, на часовите по англиски јазик, реализираа низа креативни активности посветени на празникот Велигден. Преку бура на идеи, боење, декорирање на училницата и опишување на велигденските декорации, учениците активно го збогатуваа својот вокабулар и ги унапредуваа јазичните вештини.
Овие активности не само што придонесоа за поинтересна и мотивирачка настава, туку и ја истакнаа важноста на запознавањето со различните обичаи и традиции, поттикнувајќи ја културната свест и почитта кон различностите.
Одговорен наставник - Сандра Мартиновска