Денешниот ден во ПОУ Мршевци беше исполнет со радост, креативност и празничен дух. Учениците од прво до петто одделение го посветија денот на креативно изразување по повод големиот христијански празник Велигден.
Учениците од трето одделение се запознаа со нова техника за декорирање јајца – декупаж, при што со помош на салфетки, создадоа уникатни и шарени велигденски јајца.
Петтоодделенците учеа за интеркултурните разлики и ги истражуваа обичаите за одбележување на Велигден во Британија и во нашата земја, при што го збогатија својот вокабулар на англиски јазик со клучни зборови поврзани со темата.
Учениците од четврто одделение изработуваа креативни корпи за јајца и ги украсуваа со голема посветеност, додека најмладите, учениците од прво и второ одделение, покрај бројните изработки и декорираните јајца, весело ни го честитаа празникот.
Одговорни наставници:
Јованка Грозданоска
Емилија Стојановска
Габриела Младеновска
Сунчица Митровска Јаневска
Мерима Тушевска