Креативни активности по повод празникот Велигден

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, учениците од прво до петто одделение од ПООУ „Браќа Миладиновци“ – с. Текија, заедно со своите наставници, реализираа низа креативни и празнични активности.
 
Учениците со радост бојадисуваа велигденски јајца, изработуваа корпи и различни велигденски изработки, а празничната атмосфера ја збогатија и со рецитирање на пригодни песни.
Преку овие активности учениците ја развиваат својата креативност, ја негуваат традицијата и се запознаваат со значењето на празникот Велигден.
 
На сите кои го слават овој голем празник им посакуваме среќен и благословен Велигден! 🐣🥚🌷

Одговорни наставници:
 
Радица Блажевска, Јелена Савова, Ана Симовска, Милена Сарафимовска и Ленче Крстевска.

Галерија