По повод Денот на шегата – 1 Април, учениците вклучени во Програмата ПХВ (Промоција на хумани вредности) при Црвениот крст на РСМ реализираа креативна и хуманитарна активност исполнета со смеа, игри и добрина.
Настанот беше збогатен со маскембал, каде учениците со голема фантазија и ентузијазам се претставија во најразлични костими, ширејќи позитивна енергија и радост. Преку забавни игровни активности, натпревари и дружење, тие покажаа дека хуманоста може да се изрази и на весел и креативен начин.
Хуманитарниот карактер на активноста се одрази преку собирање на средства/донации, со цел да се помогне на оние на кои тоа им е најпотребно. Преку ваквите активности, учениците го пренесуваат духот на хуманоста, солидарноста и радоста на најмалите, учејќи ги дека добрината започнува со мали, но искрени дела.