1 април – Денот на шегата

Учениците од прво до петто одделение, заедно со своите наставници од ПООУ с. Текија при ООУ „Браќа Миладиновци“, го одбележаа 1 април – Денот на шегата со многу насмевки, радост и креативност. 🎭😄
По тој повод, учениците прошетаа низ своето населено место, каде што со весела атмосфера кажуваа интересни шеги и играа на песнички посветени на овој весел ден. Преку игра, смеа и дружење тие ја споделија радоста со сите околу нив. 🎶
Особено внимание привлекоа нивните интересни и креативни маски. Учениците се претставуваа пред своите другарчиња, ги глумеа своите ликови и покажаа голема фантазија и актерски дух. 🎭
Овој ден беше исполнет со смеа, дружба и позитивна енергија, а учениците уште еднаш покажаа дека училиштето е место каде што покрај учењето се создаваат и убави спомени. ✨

Галерија