Со поддршка од педагогот Кристина Ѓоргиевска, учениците активно се вклучија во работилницата, а потоа спроведоа и врсничка едукација со останатите ученици од предметна настава, пренесувајќи ги стекнатите знаења и вештини.
Ваквите работилници се од особена важност бидејќи придонесуваат за развивање на свесност кај учениците за почитување на различностите, градење на толеранција и емпатија, како и за преземање иницијатива и одговорност во создавањето позитивна и безбедна училишна средина. Преку вакви активности, учениците учат како да препознаат и спречат меѓуврсничко насилство, но и како активно да придонесат кон подобра комуникација и соработка меѓу врсниците