Развивање на саморегулација кај децата – чекор кон безбедна училишна средина

Во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, реализиравме работилница со родители на тема „Развивање на саморегулација кај децата – чекор кон безбедна училишна средина“, во соработка со Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi
 
Работилницата имаше за цел да ја истакне важноста на саморегулацијата кај децата – способноста да направат пауза помеѓу импулсот и реакцијата, да ја контролираат својата емоција и однесување, и да развиваат фокус, трпение и соработка. Преку интерактивни активности и игри, родителите имаа можност да се запознаат со практични начини за поттикнување концентрација, контрола на импулсите и позитивна комуникација кај децата.
Особено внимание беше посветено на влијанието на дигиталните содржини врз вниманието и однесувањето на децата, како и на значењето на заедничката улога на родителите и наставниците во градењето здрави навики и стабилна емоционална основа.
Работилницата ја реализираа предметните наставници Емилија Стојановска и Марија Митрева, во соработка со психологот Татјана Н. Додевска.
 
Изразуваме искрена благодарност до сите родители кои беа дел од овој настан, за нивниот интерес, отвореност и соработка.
Ги охрабруваме сите родители и во иднина да покажат уште поголем интерес и активно да се вклучуваат во вакви работилници, бидејќи токму заедничката работа е клучна за создавање безбедна, поддржувачка и позитивна училишна средина за нашите деца.

Галерија