Светски ден на водата

Одбележан Светскиот ден на водата💦
 
По повод 22 Март – Светскиот ден на водата, во нашето училиште се одржа едукативна работилница со учениците од VII и VIII одделение. Под мотото „Вода за сите“, учениците имаа можност да дискутираат за значењето на водните ресурси и нашата заедничка одговорност за нивно зачувување.
Учениците се запознаа со глобалните предизвици поврзани со недостигот на чиста вода и влијанието на климатските промени.
 
Преку вакви активности, нашето училиште продолжува да ја развива еколошката свест кај учениците, поттикнувајќи ги да бидат активни чувари на природата. Водата е извор на животот, а нејзината заштита започнува од секој од нас!
 
Одговорен наставник: Александра Стоевска

Галерија