Со доаѓањето на пролетта, учениците од централното училиште со радост и ентузијазам го одбележаа 21 март – денот кога природата се буди и сè околу нас оживува.
Преку различни креативни активности, учениците изработуваа пролетни украси, цртаа и учествуваа во едукативни игри посветени на природата и нејзината убавина. Со насмевки и позитивна енергија, тие покажаа колку е важно да ја сакаме и чуваме околината.
Овој ден беше исполнет со боја, радост и детска креативност – вистински дух на пролетта! 
