По повод одбележувањето на Денот на Екологијата, 21 Март беше реализирана едукативна и практична активност со учениците со цел подигнување на свеста за заштита на животната средина.
Активностите се одржаа во училишниот двор и училницата, каде учениците имаа можност да се запознаат со значењето на екологијата, важноста од чиста и здрава околина, како и начини за нејзино зачувување. Преку разговор, презентација и дискусија, учениците активно учествуваа и ги изнесуваа своите мислења и идеи. Учениците членови на литературната секција твореа лични поетски творби, како и есеи за екологијата како еден од главните општествени проблеми кои ги засегаат сите, од најмала до најголема возраст и се испратија силни пораки за подигнување на еколошката свест и за почиста и поубава животна средина.
Во практичниот дел од активноста, учениците учествуваа во чистење на училишниот двор, селектирање отпад и садење растенија. Притоа покажаа голема заинтересираност, одговорност и тимска работа.
Со оваа активност се постигнаа поставените цели:
Подигање на еколошката свест кај учениците
Развивање навики за грижа кон природата
Поттикнување на одговорно однесување кон животната средина
Активноста беше успешно реализирана, а учениците покажаа висок степен на ангажираност и интерес..Преку ваквите активности, учениците се поттикнуваат да станат одговорни и свесни граѓани за зачувувањето на животната средина.
Одговорен наставник: Андриана Митевска –наставник по македонски јазик