Бројни еко активности

По повод Денот на пролетта и Денот на екологијата, учениците од прво до петто одделение од ПООУ Браќа Миладиновци – с. Текија реализираа повеќе еко активности со кои ја покажаа својата љубов и грижа кон природата.
Учениците активно учествуваа во уредување и чистење на училишниот двор, засадија цвеќе и придонесоа училиштето да добие поубав и позелен изглед. 🌱🌼
Покрај тоа, тие ја покажаа својата креативност преку пишување песни, цртање цртежи и изработка на еко пораки. Со своите пораки ги потсетија луѓето од нашата заедница колку е важно да ја чуваме природата, да не ја загадуваме и да се грижиме за чиста и здрава животна средина. ♻️
Преку овие активности учениците испратија силна порака дека секој од нас може со мали дела да придонесе за поубава и почиста природа.
 
Одговорни наставници:
Радица Блажевска
Јелена Савова
Ана Симовска
Милена Сарафимовска
Ленче Крстевска

Галерија