Во рамки на eTwinning проектот Think with STEAM, учениците од IV одделение од ПОУ Мршевци реализираа креативна активност за изработка на самоодржливи (еколошки) градови, користејќи ја СКАМПЕР техниката (SCAMPER – техника за креативно размислување и решавање проблеми). 
СКАМПЕР е метод кој ги поттикнува учениците да размислуваат поинаку преку прашања како: што може да се замени, комбинира, прилагоди, измени, употреби на друг начин, отстрани или пренамени. На овој начин, учениците учат да создаваат нови и иновативни решенија.
Инспирирани од месец март – месецот на пролетта и екологијата, учениците изработија макети на еколошки градови, покажувајќи грижа за животната средина и развивајќи ја својата креативност и еколошка свест. 

Преку ваквите активности, учениците не само што го збогатуваат своето знаење, туку и учат како да бидат одговорни и активни чинители во зачувувањето на природата.
Одговорен наставник
Емилија Стојановска